fbpx

Range Rover SVAutobiography специјално за боксерскиот шампион

Land Rover го претстави уникатниот Range Rover SVAutobiography специјално направен за боксерскиот шампион Ентони Џошуа

Овој уникатен модел на Range Rover SVAutobiography вклучува и специјална ознака поставена на B столбот од луксузниот SUV, изгравирани IBF, WBA, WBO и IBO титулите на Меѓународната боксерска асоцијација, кои се во сопственост на Џошуа. Исто така, во автомобилот се наоѓа и грбот на неговото семејство.

Седиштата се украсени со автограмот на славниот боксер, а на централната конзола, осветлените прагови и алуминиумските делови од арматурната плоча се наоѓаат дополнителни персонализирани детали. Освен тоа, на внатрешните рачки од вратите, изгравирани се мали боксерски ракавици. Овој Range Rover со продолжено меѓуосовинско растојание е поставен на 22-инчни тркала, а на предните всисувачи на воздух се наоѓа бројот 258 кој ја претставува компанијата која го застапува британскиот боксер.

„SVAutobiography ќе го тргне стресот кој доаѓа со долгите патувања, ќе ми овозможи да се опуштам во апсолутен комфор, а неговиот уникатен дизајн го содржи грбот на моето семејство, како и потсетници на мојот успех во боксот. Му се заблагодарувам на тимот во Land Rover Vehicle Personalisation одделот кој ги прифати моите идеи и ги претвори во реалност“, изјави Џошуа.

Range Rover се напојува со 5,0-литарски V8 мотор со суперполнач, кој му овозможува спринтот од нула до „стотка“ да го достигне за 5,4 секунди, а максималната брзина изнесува 250 километри на час. Цената на автомобилот на Ентони Џошуа не е објавена, но стандардниот Range Rover SVAutobiography е најскапиот модел во понудата и чини 170.525 фунти, односно околу 192.000 евра.

Џошуа ќе го користи овој SUV за транспорт во време на неговата следна борба за одбрана на титулата, која ќе се одржи на лето.

Поврзани вести

Back to top button