fbpx

Редизајнот на Niro Hybrid и Plug-in Hybrid ќе дебитира во Женева

Kia Motors го усоврши бестселерот Niro во сегментот на електрични кросовери

Моделот е подготвени за неговата светска премиера на саемот во Женева. Niro, кој ја комбинира практичноста на кросовери со хибридните технологии, во 2019 година се сретнува со софистициран надворешен дизајн и уште повеќе префинет, висококвалитетен ентериер, со нови опции за персонализација.

Моделите Hybrid и Plug-in Hybrid ќе го имаат во себе иновативниот телематски систем на Uvo Connect, кој претставува повисоко ниво на функционалност за поврзување во возилото. Од почетокот на продажбата во 2016 година, над 270.000 единици се продадени низ целиот свет, од кои 100.000 се на пазарот во Европа.

 

Kia Niro е петти најпродаван модел во Европа во 2018 година со раст на продажбата од 33% или 45.255 продадени возила, вклучувајќи 34.642 хибриди и 9.951 plug-in хибриди. На крајот од 2018 година моделската гама се прошири со воведувањето на е-Niro, кој е 100% електричен автомобил.

Niro

Емилио Херера, главен оперативен директор на Kia Motors Европа, вели, „Niro стана главен двигател за пораст на Kia во Европа и основа во нашата стратегија за електрифицирани производи. Адаптивното управување, ниските емисии и ниските трошоци за одржување го прават многу привлечен за приватните и за деловните корисници. Подобрениот дизајн, подобрениот квалитет и интегрираниот Uvo систем за поврзување ќе го направат уште понеодолив на светските пазари“.

 

Во Европа, обновениот Niro Hybrid и Niro Plug-in Hybrid се достапни за продажба во вториот квартал од 2019 година. Овој модел на Kia е единствениот хибриден автомобил во Европа кој доаѓа со најдобрата гаранција за секторот, 7 години или 150.000 километри.

 

Поврзани вести

Back to top button