fbpx

Рекордни испораки на Tesla во овој квартал

Илон Маск најави дека Tesla ќе го собори сопствениот рекорд во испорака на возила во овој квартал од годината

За тоа да се случи компанијата мора да произведува 1000 возила дневно до крајот на кварталот. Најголем број на испорачани возила имаше во четвртиот квартал од 2018 година кога Tesla испорача рекордни 90.700 возила.

Во првите три месеци од годинава компанијата изгуби 702 милиони долари поради проблеми со лансирање на Model 3 и потешкотии во испорака на Model S и Model X. Според мејлот пратен до вработените, Маск тврди дека Tesla може да го сруши последниот рекорд на испорака:

„Од вчера, имаме преку 50.000 нови нарачки за овој квартал. Врз основа на актуелните трендови, имаме добри шанси да ги надминеме рекордните 90.700 испораки од минатата година! “

По ова се очекува тимот на компанијата да почне со реализација, иако се знае дека да се зголеми производството е полесно да се каже отколку да се направи.

Поврзани вести

Back to top button