fbpx

Renault Captur добива спортски дух со R.S. Line

Renault го освежи Captur со R.S. Line третман кој го следи пристапот на останатите модели во поставата на францускиот бренд кои добиваат спортски изглед

Субкомпактниот кросовер на Renault, моделот Captur, сега може да се пофали и со новa R.S. Line верзија, која носи спортски изглед во ентериерот и екстериерот. Почнувајќи со надворешноста, кросоверот добива нов изглед на предниот дел, нов изглед на решетката, додека на задниот дел се истакнува сивиот дифузер. Captur R.S. Line е поставен на 18-инчни Le Castellet тркала и се одликува со R.S. Line лого на задниот дел.

Captur R.S. Line

При отворањето на вратите, на праговите се наоѓа Renault Sport логото, а во внатрешноста купувачите ќе најдат црвени акценти аплицирани на седиштата, панелите на вратите, отворите за вентилација и управувач обложен со перфорирана кожа, додека карбонскиот финиш аплициран на контролната табла го засилува комплетниот впечаток.

Освен тоа, Captur R.S. Line добива и дополнително затемнети стакла, предни и задни сензори, 10-инчен екран од инфозабавниот систем поставен на централната конзола, камера за возење наназад, електрохромичен внатрешен ретровизор и постава за бежично полнење за паметни телефони.

Новиот Renault Captur R.S. Line веќе е достапен за нарачка во Франција, а моделот се напојува со TCe бензински мотор со 140 КС во комбинација со мануелен менувач или со автоматски менувач со двојна спојка. Цените варираат од 28.400 до 30.350 евра. E-Tech plug-in хибридната верзија со 160 КС се продава по цена од 37.050 евра.

Captur R.S. Line

Од друга страна, Renault исто така ја унапреди и Initiale Paris верзијата на новиот Captur, давајќи му Erbe Gray акценти на двата крај, црна антена, 360-степена камера и хромиран трим на управувачот и лопатките за менување брзини.

Поврзани вести

Back to top button