fbpx

Renault го претстави Kiger концептот за новиот кросовер

Француски Renault го покажа Kiger концептот, кој треба да даде најава за новиот мал кросовер кој ќе биде иницијално наменет за индискиот пазар

Продукциската верзија на Kiger е долг нешто помалку од четири метри, а ќе му овозможи на Renault да понуди уште една опција за купувачите во Индија покрај Kwid, Duster и Triber моделите.

Визуелно, Kiger концептот се истакнува со своите LED фарови, скулптурна хауба и „полу-лебдечки“ покрив. Ретровизорите се дизајнирани да изгледаат како крила на авион (долниот дел), додека на задниот дел се наоѓа спојлер, централен издув и задни светла во форма на буквата С.

„Креативната асоцијација на француските и индиските дизајнери беше најдобриот начин за да се пресретнат потребите и очекувањата на клиентите особено наклонети кон стилот, динамиката и новитетите. Како и со Triber, ние повторно ја покажуваме нашата способност да иновираме, со нудење на нов модел со двојна персоналност, урбан и надворешен. Kiger концептниот автомобил е многу блиску до идниот продукциски модел“, изјави дизајнерскиот шеф на Renault, Лоренс ван ден Акер.

Концептниот автомобил пристигнува со зелен Aurora Borealis екстериор кој соодветствува со разни флуоросцентни допири кои ги истакнуваат алуминиумски елементи како што се рачките од вратите, инсерти на браниците, контурите на логото и сопирачките.

Кога моделот ќе влезе во производство, Renault Kiger ќе се насочи „да привлече купувачи кои бараат новитети и модерност во B сегментот кој претставува 51 процент од индискиот пазар“.

Она што е најважно, Renault најави дека продукцискиот модел ќе биде пласиран и на пазари надвор од Индија, но францускиот производител не открива повеќе детали, ниту пак на кои пазари Renault Kiger ќе биде достапен за продажба.

Поврзани вести

Back to top button