Renault ќе гради најголемо складиште на енергија во Европа
Групацијата Renault го најави лансирањето на својот напреден систем за складирање на батериите, кое ќе ги користат електричните автомобили
Ова ќе биде најголемиот систем на Стариот континент поради вкупната моќност од 70 мегавати. Ќе биде потребен систем за одржување на рамнотежа помеѓу потрошувачката на електрична енергија и производството.
Тоа ќе овозможи да се обезбеди стабилноста на индустриската фреквенција на струјата од 50 херци и ќе го зголеми уделот на извори на енергија во вкупниот енергетски биланс.
Првите слични објекти на системот ќе бидат изградени во Франција и Германија во почетокот на 2019-та. Капацитетот од 60 MW кој е еднаков на дневната потрошувачка на струја од 5000 домаќинства, ќе биде достигнат во 2020-та година, кога во комплексите ќе бидат монтирани 2000 акумулаторот.