ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Карлос Гон дозволи фузија под шапката на Renault-Nissan-Mitsubishi

Големиот шеф на Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi, Карлос Гон, истакна дека е можно да има спојувања на одделни марки под капата на концернот, но појасни дека тоа нема да биде цел на менаџментот на компанијата

“Да, зошто да не!“ – одговори Гон на прашање на BFM Business дали се можни спојувања, за да се засили алијансата. „Но, тоа нема да биде наша цел”.

Renault-Nissan-MitsubishiТој не спомена во своите коментари имиња на компании и слично и апострофираше дека пред алијанаста Renault-Nissan-Mitsubishi претстои забрзување на процесот на „концентрација и кохезија” на можностите и моќност на трите компании.

Тоа е примарен дел од планот на групата Renault за намалување на трошоците и зголемување на профитот. Овие мерки главно ќе влијаат на работата со добавувачите на материјали и опрема, инженерскиот развој на индивидуалните модели и нивното производство.

Алијансата ја заврши 2017 година како најголем производител на автомобили во светот, откако постигна продажба од над 10,6 милиони автомобили и го надмина од првото место Volkswagen Group.
Renault-Nissan-Mitsubishi

Renault-Nissan-Mitsubishi

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close