fbpx

Renault официјален автомобилски партнер на Пари Сен Жермен

Renault објави дека компанијата потпиша официјален партнерски договор со фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен, кој ќе го „покрива“ следните три сезони

Од автомобилскиот производител велат дека заедно со клубот ќе биде развиена широка глобална рекламна и промотивна кампања, кој ќе ја комбинира страста на поддржувачите на Пари Сен Жермен со силата на Renault, како една од водечките француски брендови во светски рамки.

Пари Сен Жермен

-За нас е посебно задоволство брендот Renault да биде заедно со Пари Сен Жермен, кои заедно несомнено многу придонесуваат за влијанието на Париз и Франција во светот, коментира Филип Буро, комерцијален директор на Renault Франција. –Ова партнерство нуди многу можности, како во Франција, така и на меѓународно ниво, кои ќе бидат од корист за нашите клиенти и нашите продажни мрежи.

-Многу ми е драго што Renault го избра ПСЖ, за да постави почеток на влегувањето во фудбалот и сме горди дека нашиот клуб ќе биде заедно со еден од столбовите на француската индустрија, потенцира Марк Армстронг, директорот за спонзорски односи на Пари Сен Жермен.

Пари Сен Жермен

Поврзани вести

Back to top button