fbpx

Renault со тизер најави нов концепт со водороден погон

Француската компанија Renault објави тизер фотографија за мистериозен концепт кој ќе работи на водороден погон

Renault подготвува концептен автомобил кој ќе дебитира во мај, а кој всушност треба да биде претставникот на нивната стратегија за одржлив развој. Француската марка објави тизер фотографија од моделот кој ќе биде опремен со мотор кој ќе функционира на водород, како дел од целта за декарбонизација на Renault групацијата, а притоа ќе користи рециклирани и рециклирачки материјали.

Фотографијата го прикажува предниот дел на автомобилот со агресивни LED фарови, дополнителни светлечки единици на браникот и осветленото лого на марката. На предниот дел воопшто нема решетка, а дизајнот на хаубата е всушност најавата за новиот површински изглед за Renault, направен по диктат на дизајнерскиот шеф Жил Видал.

Со оглед на кадарот на фотографијата, не може да се заклучи за каква каросериска изведба ќе има концептот. Досега Renault го прикажа престојниот R5, го најави 4ever SUV моделот и го лансираше Megane E-Tech компактниот кросовер, а концептот ќе биде сосема различен модел, барем кога станува збор за дизајнот на екстериерот.

Развојот на се уште неименуваниот концепт е фокусиран околу три главни столба. Првиот е околината, за што сведочи и водородниот погон и одржливите материјали, вториот е безбедноста благодарение на технолошките иновации кои ќе се најдат во автомобилот, а третиот столб е инклузивноста, односно различноста на развојниот тим.

Концептен автомобил каков што досега немаме видено

Од Renault велат дека концептот е дел од нивниот план за достигнување за целосно електричен енергетски микс до 2030 година, што значи дека би можеле да видиме и продукциска верзија во иднина. Она што е особено привлекува внимание е поимот „водороден мотор“ кои се повторува во соопштението. Самиот назив асоцира на мотор на внатрешно согорување кој ќе работи на водород, а не електричен автомобил кој користи водородни ќелии. Сепак, истовремено „целосно електричниот енергетски микс“ индиректно најавува електрични мотори. Во соопштението се споменува и дека моделот е досега „невиден концептен автомобил“, што значи дека би можеле да сведочиме на нешто сосема ново во автомобилскиот свет.

Секако, ќе мораме да се стрпиме уште некое време пред премиерата на овој концепт во мај, а сигурно е дека Renault ќе објави уште повеќе детали како што ќе се наближува датумот на премиерата на овој автомобил.

Поврзани вести

Back to top button