Renault во партнерство со Браќа Манаки

Аутомотив Груп стана официјален партнер на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

Францускиот производител Renault е светски партнер на кинематографијата повеќе од 120 години, а кон оваа традиција се придружува и Аутомотив Груп, генералниот импортер на брендот во земјава, поддржувајќи го јубилејното издание на Браќа Манаки.

Пристигнувањето на шпанскиот кинематографер Хозе Луис Алкаине, познатиот режисер Фатих Акин, светски познатиот Џим Шеридан и останатите специјални гости на црвениот тепих, ќе биде овозможено од најновите модели на гамата на брендот, кои изобилуваат со моќен дизајн, луксузен ентериер и модерни технологии.

„Како компанија која е препознатлива по почитта кон филмската уметност и културата, заедничката успешна приказна со Интернационалниот фестивал „Браќа Манаки“ и Аутомотив Груп трае со години.“

„За време на гламурозното отворање на фестивалот, автомобилска ѕвезда ќе биде моделот Renault Clio и тоа од најновата петта генерација, кој ексклузивно ќе биде претставен пред својата премиера во Македонија, закажана за месец oктомври оваа година“, изјави Симона Николовска, лице за односи со јавноста на Аутомотив Груп.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close