НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Револуционерната ClearMotion суспензија е подготвена за сериско производство (Видео)

Компанијата ClearMotion од Бостон која разви проактивна „дигитална“ суспензија за автомобилите и објави дека има почетни инвестиции за сериско производство. Технологијата ќе им овозможи на автомобили буквално да ја забележат нерамномерноста на патот.

Развојот на ClearMotion е контролна единица со хидраулични вентили и компактна пумпа која се наоѓа во амортизерите на автомобилот. По командата „Activate“ од „мозокот“ на системот, блокот ги подготвува амортизерите за нерамнини на патот, и го поткренува тркалото, ако има издигнување или го отпушта, ако има дупка на патот.

Компанијата тврди дека оваа технологија го прави патувањето далеку поудобно од постоечката технологија на суспензијата. Системот ClearMotion користи оригинален метод за собирање податоци. Ако проактивната суспензија на Mercedeѕ-Benz, на пример, се потпира на радар и скенери во предниот дел на возилото, тогаш технологијата на Американците црпи информации од „облак“, во кој се наоѓаат тридимензионалнтеи мапи на патишта. Големи податоци и специјално развиени алгоритми се користат за обработка на овој широк спектар на информации.

Компанијата во Бостон веќе го има потребниот капацитет за сериско производство на Activalve модулите. Интерес кон разработкатата пројавиле некои од најголемите автомобилски производители во светот, но парите потребни за производство, се собрани без нивно учество.

Плановите на компанијата се да започне сериското производство на модулите уште оваа година. Според основачот на ClearMotion – Шекил Авадхани, новата технологија ќе биде многу корисна кај автономните автомобили, бидејќи кај нив барањата за удобност ќе бидат многу високи.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Close