fbpx

Rezvani Hercules е монструм на шест тркала

Компанијата Rezvani официјално го претстави својот нов модел Hercules 6x6 кој го понесува епитетот „крал на сите камионети“

Очигледно базиран на Jeep Gladiator, Hercules ги следи стапките на Rezvani Tank, а добива и 2,438 милиметри долг заден товарен дел и четири задни тркала. Камионетот исто така е опремен со LED светлосна лента која е поставена на покривот, уникатен заден дел и скулптурни метални цевки кои се достапни во голем број на бои, вклучително и бронзена како што е прикажано на фотографиите. Меѓу останатите карактеристики се и персонализираните тркала кои се обложени со 37-инчни „оф-роуд“ тркала.

Rezvani Hercules

И додека екстериерот е мошне интересен, кабината делува како преслечен Jeep. Со оглед на тоа, Hercules 6×6 поседува афтермаркет Alpine инфозабавен систем со 9-инчен екран со Apple CarPlay компатибилност. Купувачите исто така можат да нарачаат и Nappa кожен пакет кој вклучува премиум кожни седишта и прекривка за покривот од антилоп.

Под хаубата има повеќе моторни опции. Тука е препознатливиот 3,6-литарски Pentastar V6 со 289 КС и 353 Nm. Купувачите исто така можат да се одлучат и за 3,0-литарскиот EcoDiesel V6 кој испорачува 260 КС и 600 Nm.

Оние кои бараат нешто повеќе и поегзотично можат да го изберат монструозниот 6,4-литарски HEMI V8 со 507 КС. Ако и тоа не е доволно, компанијата нуди и „високо унапредена“ верзија на 6,2-литарскиот V8 од Dodge Challenger SRT Demon.

Rezvani Hercules

Според Rezvani, моторот е поправен да има зафатнина од 7 литри, а потоа е опремен со нови клипови, брегаста осовина и уште неколку измени. Благодарение на сето ова, овој V8 може да испорача повеќе од 1.318 КС и 1.341 Nm максимален вртежен момент.

Првите три мотори ќе се нудат или со осумстепен автоматски или со шестстепен мануелен менувач. Сепак, 7,0-литарскиот V8 е достапен исклучиво со осумстепен автоматски менувач кој се наоѓа кај Ram 1500 TRX. Без оглед на тоа која моторна единица ќе биде избрана, сите пристигнуваат со систем за погон на сите шест тркала, кој им овозможува на сопствениците да менуваат меѓу 6х2, 6х4 и 6х6 погон.

Rezvani Hercules

Ако стандардниот модел не е доволно интересен, тука е и Military Edition верзијата. Истата се одликува со Kevlar оклоп и непробојни стакла. Тука е и опцијата за возење со избушени гуми, подвозје со заштита од експлозии и електро-магнетна заштита од удари. Моделот добива и големи браници, засилен систем на потпирање и електрифицирани рачки на вратите.

Меѓу останатите карактеристики тука е и системот за термалнo гледање ноќе, интерком, гас маски и заслепувачки светла со цел да се намали прегледноста на потенцијалните напаѓачи. Згора на се, Military Edition верзијата исто така има и сетови за прва помош и хипотермија.

Цената стартува од 225.000 долари и се искачува до 325.000 долари за Military Edition. Сепак, моторните опции ја искачуваат комплетната цена „до плафон“. 6,4-литарскиот HEMI V8 чини 40.000 долари, додека 7,0-литарскиот V8 се продава по цена од 249.000 долари. Така, конечниот исход може да достигне до 474.000 долари за стандардната верзија со најмоќниот мотор.

Поврзани вести

Back to top button