Rezvani комбинира воена машина и луксузен SUV
Креациите на дизајнерското претпријатие Rezvani од Калифорнија се секогаш подготвени да ја задоволат љубопитноста и страстите на богатите љубители на егзотични автомобили
Последниот проект на Ferry Rezvani, моделот Tank, комбинира врвни карактеристики на луксуз и воена технологија. Критичарите, не се премногу воодушевени, како што тоа се неговите клиенти и укажуваат на фактот дека бизнисменот и творец на компанијата, кој е роден во Иран, всушност се обидува да за голема сума пари понуди ревидиран модел на Jeep, а многумина го делат истото потенцирајки дека се апсолутно во право.
Во основата на Tank, за кој од Rezvani тврдат дека е основоположник на сегментот XUV (Xtreme Utility Vehicle) лежи шасија на Wrangler JK, а моторот е 6.4-литарски Hemi со моќност од 500 коњски сили. Со други зборови, Rezvani цврсто „црпи“од ресурсите на FCA.
Основната цена на Tank е 178.000 долари, што според дел од аналитичарите е неоправдано висока цена, со оглед дека конструкцијата на каросеријата на пракса е ист како кај Jeep Wrangler Unlimited, едноставно само делови од екстериерот се различни.
Сепак, Rezvani ви нуди работи кои можат да се најдат само во военото производство на автомобилските компании и обично кога ги користите, вие сте во служба, а не во авантура.
Tank е опремен со систем за ноќно гледање кој ги прикажува топлинските слики на телото, а не само камерата за заден поглед …Освен тоа целиот автомобил е оклопен со кевлар плочи, стакла кои ќе издржат директно погодок на куршуми, гуми кои се користат за воените возила , резервоар со кевлар покриеност, а вакви плочки има и на маската на моторот и на подот на автомобилот, ако случајно дојде до експлозија. Листата продолжува со кожени седишта, дисплеј свртен кон возачот и други елементи својствени за сите модерни автомобили. И конечно – off-road способности, достојни за армиска машина.