Rolls-Royce Phantom Centenary: Автомобил кој се создавал 100 години

Rolls-Royce ја слави 100-годишнината на Phantom со ексклузивната Centenary Private Collection, ограничена на само 25 примероци

Rolls-Royce го одбележува стотиот роденден на легендарниот Phantom со ексклузивната серија Phantom Centenary Private Collection. Станува збор за ултра-редок модел ограничен на само 25 примероци, кој марката го опишува како најсложениот и технолошки најамбициозен проект во својата историја. За создавањето на ова специјално издание биле потребни повеќе од 40.000 часови работа, што резултира со автомобил кој не е само средство за превоз – туку подвижна уметничка скулптура.

Rolls-Royce Phantom Centenary Private Collection

Екстериерот веднаш ја потврдува ексклузивноста. Моделот е изведен во двотонска комбинација Arctic White и Black, со металик сјај добиен преку додавање на микроскопски честички смачкано стакло во проѕирниот слој на бојата. На предниот дел се истакнува маскотата Spirit of Ecstasy, изработена од цврсто 18-каратно злато и дополнително обложена со 24-каратно злато, со цел да се добие беспрекорно и трајно завршно полирање. Истата тема продолжува и на знаците на марката, каде се поставени четири 24-каратни емблеми со бел емајл, како и ексклузивни тркала на кои се врежани 25 линии – симбол за бројот на произведени автомобили.

Rolls-Royce Phantom Centenary Private Collection

Времеплов во ентериерот

Внатрешноста е вистински поздрав до историјата на Phantom и изгледа како движење низ временски галериски простор. Задните седишта се претворени во платно составено од три слоја приказни: првиот прикажува важни места и предмети од историјата на моделот, вториот ги претставува најзначајните Phantom модели од секоја ера, а третиот, највпечатлив слој, се везови кои абстрактно ги претставуваат седум историски сопственици кои ја обележале легендата на Phantom. Самото везење содржи над 160.000 конци и траело повеќе од една година.

Rolls-Royce Phantom Centenary Private Collection

Во предниот дел седиштата имаат ласерски врежани мотиви кои го споменуваат оригиналниот прекар на Phantom I – „Seagull“, додека детално поставениот зајак е препознатлива алузија на „Roger Rabbit“ шифрата што се користела при релансирањето на Rolls-Royce во 2003 година. Кабината исто така содржи и уметнички панели од црно дрво обликувани со комбинација од ласење, 3D печатење, вишеслојна маркветерија и 24-каратно златно листче, создавајќи длабочина и текстура што повеќе личи на слика отколку на материјал.

Rolls-Royce Phantom Centenary Private Collection

Магијата е во деталите

Тука се и деталите како Piano Black површина со златна прашина, златно обложено контролно копче, како и спектакуларниот Starlight Headliner, кој во овој модел е везен со 440.000 конци, прикажувајќи сцени од еволуцијата на Phantom. Под хаубата работи 6.75-литарскиот V12 мотор, покриен со специјално дизајниран капак украсен со 24-каратни детали, што го заокружува впечатокот за царски раскош.

Rolls-Royce Phantom Centenary Private Collection

Phantom Centenary Private Collection не е само автомобил кој се вози – тој е историја поставена на тркала, сведоштво за мајсторството на рачната изработка и бескомпромисното стремење кон совршенство. Со само 25 изработени примероци, ова е автомобил што најверојатно нема да се појави на улиците, туку во приватни колекции, музејски сали и простории каде што уметноста се чува под внимателно осветлување.

Поврзани вести

Back to top button