Модел на Volvo ги смирува нервите
За автомобилскиот саем во Пекинг, шведската автомобилска компанија Volvo подготви посебен прототип наречен S90 Ambience
Седанот има необичен тавански проектор кој создава уникатен амбиент во салонот и ги смирува нервите.
Volvo S90 Ambience е изграден врз основа на обичниот S90, но ентериерот му е целосно преработен и опремен со уникатен систем, контролирани ароматизери, медиа центар и проектор. Новиот концепт на седанот е со три седишта, со подобрена зона за удобност на задното седиште. Посебната атмосфера е создадена за патниците, која е регулирана со три индикатори.
Инжинерите создадоа апликација за паметни телефони која ви овозможува да ја контролирате атмосферата. Со еден клик изберате режим, преку кој на проекторот се појавуваат различни тематски клипови (Northern Lights, Scandinavian Forest, Swan Lake, Archipelago, Rain, Nocturnal и Freedom), климатизација пушта еден од четирите специјални ароми Byredo, а аудиосистемот Bowers and Wilkins репродуцира музика. На пример, ако ја одберете темата „Дожд”, салонот ќе мириса свежо, што ќе биде придружено со вистинска слика и музика.