fbpx

Во САД корисниците најзадоволни oд Genesis

Американската компанија J.D. Power and Associates, која прави независни истражувања за задоволството на клиентите, објави традиционален рејтинг на автомобилските производители

Истражувањето вклучува околу 70.000 возачи кои купиле нов автомобил оваа година. Во текот на истражувањето, тие го оцениле својот автомобил согласно 77 параметри, вклучувајќи: удобност, безбедност, ефикасност на горивото и така натаму. Според податоците од истражувањето под името APEAL (кратенка од фразата „динамика, квалитет и распоред на возилото”) најзадоволни од своето превозно средство оваа година се сопствениците на Genesis.

Корејскиот премиум бренд Genesis доби вкупно 884 од максималниот можен скор од 1.000 поени.

Овој нов бренд првпат стана победник на ова рангирање. На второ место на листата остана минатогодишниот победник Porsche (883), а подиумот се затвора од BMW – 863 поени. Lincoln и Mercedes-Benz се рангираа понатаму – 861 и 858 поени. Домашните американски брендови не уживаат огромна популарност меѓу локалните купувачи, на крајот на рејтингот се наоѓаат марките Jeep (799), Mazda (798) и Mitsubishi (783).

Genesis

Поврзани вести

Back to top button