НАСЛОВНАНОВИТЕТИСАЕМИ

Шангај 2019: Електричен концепт на Enovate

Како уште еден надежен ривал на Tesla, со Porsche стилски дизајн, целосно електричниот Enovate ME-S претставува седан кој до 100 забрзува за три секунди

На Саемот во Шангај под името ME Sports, односно скратено ME-S, беше претставен новото концептно возило на новата автомобилска компанија Enovatе. Овој модел претставува целосно електричен супер автомобил, чие производство се очекува да започне во 2021 година.

Електричен седан ќе биде напојуван од 800 волтни батерии и ќе биде компатибилен со стапки на полнење од 300kW. Ова значи дека ME-S ќе може да се наполни до 80 проценти за само 15 минути. На официјалното претставување, компанијата не откри повеќе детали околу новито супер модел, но објавено беше дека тој ќе доаѓа со погон на сите четири тркала и ќе забрзува од 0 до 100 километри на час за само три секунди.

Enovate ME-S

Впечатливиот изглед на Enovate ME-S се карактеризира со дизајнерски линии кои малку потсеќаат на Porsche Panamera и Porsche Taycan. Сепак, ова не треба да нè изненади, со оглед на тоа дека шефот за дизајн на Enovate е Хакан Саракоглу, кој има свои придонеси во Porsche моделите, како кај Porsche 918 Spyder.

Внатрешноста има класичен футуристички изглед, со четири одделни седишта, дрвени завршетоци и голем дигитален екран, кој се протега по должината на централната табла. Компанијата изјави дека ME-S доаѓа со автономна техника од четвро ниво, како и 5G за сообраќајни интерконекции.

Enovate ME-S

Потпаролот на Enovate на саемот изјави дека како нова и надежна компанија, имаат за цел да направат нешто иконично и впечатливо. Тој исто така додаде дека Enovate планира да ги следи стапките на Tesla, прво со дебитирање во луксузниот сегмент, а потоа и во поприфатливите сегменти.

“Како нова компанија за електрични автомобили, имаме добри шанси да тргнеме од нула. Сè уште работиме на цената на моделот. Можеме да го направиме поевтин и да продадеме повеќе, но тогаш вашиот бренд паѓа. Нашата цел е да почнеме со врвни производи, луксузни, а потоа да одиме и пониско, како Tesla”, изјави тој.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close