fbpx

Шангај 2019: Концептниот „Baby G-Wagen“ на Mercedes

Со коцкаст изглед во компактна форма, новиот GLB претставува концептен кросовер кој одлично ги комбинира практичноста и перформансите

На штандот на Mercedes на саемот во Шангај, како поднова на SUV сегментот дебитираше новиот концептен модел GLB. Компактниот Baby G-Wagen е опремен со седум седишта, а воедно претставува и многу блиска верзија на производниот автомобил кој ќе се појави на пазарот кон почетокот на 2020 година.

Новиот Mercedes GLB ја дели шасиската технологија, погонските единици и внатрешните делови со останатите модели од А и Б класата на брендот, но за разлика од GLA, тој се карактеризира со поголема пространост и робусност.

Тој е најголемиот автомобил кој се базира на архитектурата на А класата, со должина од 4.634mm, 1.890mm ширина и висина од 1.900mm. Со ова GLB е за 217mm подолг од GLA, а зголеменото меѓуоскино растојание од 2.829mm обезбедува доволно простор за три реда на седишта, каде задните две седишта се погодни за патници до 170cm висина.

Mercedes GLB

Според дизајнерот Ахим Бадстибнер, во надворешниот дизајн може да се препознаат елементи од поголемиот GLS, како страничните столбови, а присутни се и деталио превземани од Г класата, но во поелеагантен изглед. Тој исто така потврди дека концептниот GLB е прилично блиску до производната верзија на моделот, каде главните разлики би биле во тркалата и сјајните црни тримови. Непроменети се очекува да бидат LED светлосните уреди, како и големата предна решетка.

Со цел да направи одличен ривал на новиот Range Rover Evoque и Volvo XC40, Mercedes го прилагоди новиот SUV да пружа вистинско off-road искуство. Потенцијалот може да се забележи преку кратките предни и задни „настрешници“ и преклопувањето на вратите со праговите.

Како што веќе напоменавме, внатрешноста користи познати елементи од А и Б класата, иако контролната табла добила своја уникатна форма. Големиот дигитален дисплеј доминира на управувачката табла, а алуминиумските воздушни отвори ни се веќе познати. „Дизајнот на ентериерот е токму онаков како и кај производната верзија“, надополни Бадстибнер.

Mercedes GLB

Концептниот Baby G-Wagen е опремен со 2,0 литарски четири-цилиндарски мотор, кој му обезбедува моќност од 221 КС и 350 Nm вртежен момент, но производната верзија се очекува да понуди слична линија на мотори како кај GLA, со послаби 2,0 литарски единици и 2,2-литарски дизел опции. Достапен е погон на сите четири тркала, пропратен од осум-степен автоматски менувач. Тука се и трите режими на работа, каде моќноста е распределена 80:20 во Eco и Comfort, 70:30 во Sport и погон на сите четири тркала во Off-road.

Производниот Mercedes GLB се очекува да биде откриен на саемот во Франкфурт оваа еден, а исто така се очекува на опсегот да се придружи и жешката AMG GLB 35 верзија.

Поврзани вести

Back to top button