ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

SEAT слави 25 години на својата фабрика во Марторел

Шпанскиот производител на автомобили SEAT слави 25 години од пуштањето на фабриката во Марторел

По инвестиција во износ од околу 1.47 милијарди евра, објектот беше отворено во 1993 година и до сега таму се склопени речиси 10.000.000 претставници на 39 модели и модификации. Во моментов, секој ден во фабриката во Марторел на SEAT се произведуваат околу 2.300 автомобили, што е еквивалентно на околу 95% од капацитетот на комплексот. Изминатата година, бројот на склопени автомобили бил 455.000 единици, што е повеќе за 50% од остварувањето во 2009 година.

Марторел

-Марторел е синоним за напредок и развој, рече Лука де Мео, претседател на шпанскиот бренд. -Фабриката е нашиот производствен предводник и многу сме среќни што прославуваме 25 години од неговото лансирање.

 

Производството во Марторел започна со втората генерација на Ibiza и Cordoba, со нивно секојдневно производство на 1.500 возила. Со текот на годините, на склопување низ лентите минале модели како Toledo, Inca, Altea, Ibiza, Leon, Arosa и Arona, како и претставници на други брендови, Volkswagen Polo и Caddy и Audi Q3. Во втората половина од оваа година и новиот Audi A1 ќе започне со производство.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close