Првиот електричен автомобил на SEAT доаѓа во 2020 година
Првиот електричен модел на SEAT ќе биде достапен во 2020 година, соопшти Auto Express, при што изведбата ќе биде со големина како популарниот адут на шпанскиот бренд - Leon
Најверојатно електричниот автомобил ќе се вика Born или Е-Born. Трета опција е исто така достапна – Born-Е. Како што беше претходно видено во развојот на моделот, трите имиња се засноваат на името на Еl Born, една од најинтересните и монденски области во Барселона. Моделот ќе биде изграден на платформата на VW Group MEB, специјално дизајнирана за електрични модели.
SEAT не потврди каков ќе биде автомобилот, но скоро сигурно е дека е хечбек со подигнат под за да може да се постават батериите. Заменик-претседателот на SEAT, одговорен за развојот и истражувањето на новите модели, д-р Матијас Рабе, објасни точно каде ќе биде позициониран новиот модел.
– Нашиот прв модел изграден на MEB платформата ќе биде помал од нашиот најголем SUV кој ќе биде наскоро достапен, рече Рабе. – Ќе биде многу близу до Leon, особено во однос на должината. Тоа ќе понуди многу повеќе простор во внатрешноста поради предностите на MEB во распоредувањето на поединечните компоненти.
Нешто слично се очекува и со VW ID, што ќе биде првиот модел базиран на MEB од Волфсбург. Електромобилот е со големина на Golf, но платформата овозможува доста поголемо меѓуоскино растојание, што значи дека димензиите на кабината се блиски до оние на поголемиот модел Passat.