Seat го проширува опсегот на Tarraco со нова 1,5 литарска верзија
Seat додава нова верзија во опсегот на Tarraco, во форма на нова 1.5 TSI DSG FWD конфигурација
Потенцијалните купувачи на Tarraco досега немаа можност за автоматски менувач кај FWD моделите со 1,5-литарскиот бензински TSI мотор. Seat сега го овозможува ова, нудејќи седум-степен менувач со двојна спојка, кој што се користи и во варијантата 4Drive AWD.
Излезната моќност на погонската единица останува ист, со 147 коњски сили 250 Nm вртежен момент помеѓу 1.500 и 3.500 вртежи во минута. Забрзувањето од 0 до 100 km/h е за 9,5 секунди, со достигнување на максимална брзина од 198 km/h. Емисиите на CO2 се проценуваат повеѓу 160 и 181 g/km по WLTP циклусот, при што комбинираната економичност на горивото е поставена помеѓу 7,1 и 8,0 литри на 100 изминати километри.
Наскоро по лансирањето на новиот 1,5 TSI модел, Seat ќе го понуди спортскиот FR пакет кој почетокот на следната година, како и plug-in хибридната верзија која треба да пристигне во втората половина на 2020 година. PHEV верзијата на Tarraco, ќе биде погонувана од комбинацијата на 1,4 литарскиот TSI мотор од 147 КС и електрична единица од 114 КС, кои заедно обезбедуваат комбиниран излез од 241 КС и 400 Nm, додека електричниот опсег достига бројка од 50 километри.