fbpx

SEAT лансира нов Leon во 2019

Во плановите на брендот фигурира лансирање на шест-седум нови модели во наредните три години

Меѓу нив ќе има два електромобили, како и четвртата генерација на бестселерот на брендот -Seat Leon.

Шпанскиот SEAT бележи извонредни постигнувања – ако за целата 2016 компанијата реализира во Европа 348.138 единици, тоа го стори годинава само за првите осум месеци, односно успеа да пласира 310.000 возила (+ 13% во однос на истиот период минатата година). Одличен е настапот на Ateca, а истите резултати се очекуваат и од Arona, па конечните резултати годинава ќе бидат меѓу рекордните.

На Стариот континент актуелната генерација се продава мошне добро од 2012-та до 2016-та година Европејците купија над половина милион возила – 508.565, а оваа година Seat Leon по ниво на побарувачката го зазема седмото место во сегментот, со реализација од 77.927 единици. Првите три места се за Volkswagen Golf (237.351), Opel Astra (132.688) и Škoda Octavia (118.697). Сегашниот модел ќе остане во производство до крајот на следната година, а во 2019 ќе биде заменет од новата генерација.

Leon

Таа, исто така ќе биде надградена на модуларната платформа MQB на концернот Volkswagen, што овозможува две варијанти на погон – само на предните или на сите четири тркала. Новиот Leon ќе изгледа уште поспортски, малку ќе порасне во должина и шиочина, но сепак ќе биде понизок. Меѓуоскиното растојание ќе додаде помеѓу 5 и 10 mm за да се обезбеди повеќе внатрешен простор. Моторите во палетата на Leon ќе се надградени или нови.

Основниот мотор е 1.0 трицилиндерски TSI, во опсег 85-115 КС. Следниот бензински агрегат е турбочетворката со променлива геометрија на компресорот, 1.5 TSI -130-150 КС. Турбодизелите исто така ќе се два – основниот 115 КС 1.6 TDI и 150 КС 2.0 TDI. Трансмисијата се очекува да биде преку пет и шест-брзински механички и седумстепен роботизиран менувач со двојна спојка. По дебито на стандардните модификации ќе следат спортска и хибридна со можност за полнење од стандардната електрична мрежа ( plug-in).

Leon

Опција Cupra R засега е само за хечбек Leon, но во 2018 ќе има таков и за караванската изведба. Таа ќе добие уште адаптивни амортизери со оригинален амбиент и сопирачки апарати Brembo. До 2021-та година се планира пуштањето на две електроверзии – градскиот e-Mii и модел базиран на концептот Volkswagen I.D. Последниот ќе е со димензиите на хечбек Leon, а со резервите на енергија во акумулаторот ќе поминува најмалку 400 километри со едно полнење.

Поврзани вести

Back to top button