fbpx

Првиот електричен автомобил на SEAT во 2020 година

За време на прес-конференцијата за објавувањето на годишните бизнис резултати од SEAT беа откриени интересни детали за идниот развој на брендот и нејзината палета на производи

Од шпанската компанија ветуваат дека до 2020 година, фирмата ќе пушта по еден нов модел на секои шест месеци. Првите два нови предлози ќе бидат целосно новата Tarraco и CUPRA Ateca кои ќе бидат лансирани на пазарот пред крајот на годинава. За следната година од SEAT планираат пазарно лансирање на новата генерација Leon во две верзии, со пет врати и караван, а во 2020 година ќе го видиме првиот во историјата за брендот целосно електричен автомобил. Тој ќе биде развиен врз основа на модуларната MEB платформа и ќе понуди можност за автономија од 500 километри на чист електричен режим. Во истата година, ќе бидеме сведоци на појавата на хибридна верзија на новата генерација на Leon.
електричен автомобил
– Можеме да бидеме презадоволни од постигнатите резултати за 2017, но не треба на ова да застанеме, туку да „загриземе“ уште поцврсто, истакна на конференцијата Лука де Мео, претседател на SEAT. „Завршивме со процесот на консолидацијата и сега е време да се погледне кон иднината со амбиции да постигнеме уште повредни достигнувања.

Поврзани вести

Back to top button