fbpx

Seat слави 1 милион продадени единици од последниот Leon

Третата генерација на Leon одбележува важен момент бидејќи достигна продажба од 1.000.000 примероци од своето лансирање во 2012 година

Шпанскиот хечбек како најпродаваниот модел на брендот е дизајниран, развиен и произведен во фабриката Martorell, а се базина на модуларната MQB платформа на групацијата VW.

„Најистакнатиот аспект на оваа трета генерација на Seat Leon е широката прифатеност што сеуште ја има на пазарот дури и по седум години“, изјави Вејн Грифитс, потпретседателот за продажба и маркетинг на Seat. „Во 2017 година, сегашната генерација на Leon го постигна својот рекорд со 170.000 продадени примероци, а сега во 2019 година, ние сме уверени дека ќе го задржи својот обем на високо ниво блиску до оваа бројка“, додаде тој.

Leon

Третата генерација на популарниот хечбек одигра клучна улога во развивањето на брендот. Во 2012 година, Seat изгуби 149 милиони евра, а шест години подоцна, во 2018 година, таа имаше најдобри резултати во својата историја, постигнувајќи профит од 294 милиони евра.

На листата на клучните пазари вклучени се Германија и Велика Британија, каде испораките се зголемиле за околу 70 и 60 проценти, соодветно, од 2012 година, со Leon цврсто на врвот на продажните табели. Еден на секои четири Seat автомобили продадени во првиот квартал од 2019 година е Leon.

Вкупно, Seat има испорачано 2.210.712 примероци на Leon во текот на своите три генерации: првата се продаде во 534.797 единици, втората генерација во 675.915, а сегашниот Leon само ја преминала милионата бројка.

Поврзани вести

Back to top button