fbpx

Шестата генерација на Corsa со електрична верзија

Opel годинава ќе ја претстави шестата генерација на Corsa која доаѓа со најдобрите технологии

Од 1982 година до денес Corsa е продадена во повеќе од 13,5 милиони примероци. Револуцијата во осветлувањето на оваа генерација на Corsa ја дава IntelliLux LED® matrix технологија која представува адаптивен систем на предни светла. Matrix фаровите за прв пат се појавуваат во Б сегментот на возила, технологија која предводниците на компанијата моделите Astra и Insignia ја имаат.

“Ние годинава прославуваме 120 години автомобилско производство и тоа се 120 години полни со иновации за сите”, изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер. “Отсекогаш сме правеле врвни технологии достапни за сите. Тоа е нашата мисија и мотивација и се однесува особено на модел кој е популарен како Opel Corsa. Затоа ќе ја опремиме следната генерација на нашиот бестселер со најдобрата технологија на осветлување – IntelliLux LED® matrix фарови”.

Corsa
Opel Insignia IntelliLux LED matrix

Оваа технологија го минимизира блесокот и овозможува оптимална видливост кај возачите. Како новитет во овој модел ќе биде и нејзината електрификација. Всушност во првата половина на 2019 година Opel ќе почне да прима нарачки и за електричната верзија на следната Corsa, како и за Grandland X SUV како plug-in хибридно електрично возило.

“Opel е електричен!”, изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер. “Тоа го објавивме на презентацијата на нашиот PACE! стратешки план во ноември 2017 година, кој сега го исполнуваме”.

Особено Corsa ќе му даде дополнителен импулс на Opel оваа година. Бестселер, чија прва генерација ја направи својата светска премиера пред 37 години, ќе биде достапна за прв пат со чисто електрична варијанта. Лохшелер ветува дека цените ќе бидат конкурентни: “Со новата Corsa ќе ја направиме електричната мобилност достапна за многу клиенти – тоа ќе биде вистински електричен автомобил за луѓето”

Поврзани вести

Back to top button