fbpx

Шведската акциона ѕвезда го предводи новиот тенинг камп на Volvo

Актерот Долф Лундгрен реши да ги истестира членовите од програмата на тешката машинерија

По успешната реклама со Жан Клод Ван Дам за Volvo камионите, овој пат со цел да ги испитаат границите на своите специјализирани машини, Volvo искористија еден од домашните актери, кој преку своите филмови и начинот на живот се здоби со репутацијата на најсилен и најопасен актер.

Така, кога на Volvo Construction Equipment им беше потребен некој кој ќе ги подготви и обучи нивните најнови градежни машини за навистина тешка работа, Лундгрен беше јасен избор. Ова видео е снимено на каменолом во Шведска и има за цел да ни ги демонстрира моќните мотори и издржливите хидраулични пумпи кај овие багери.

Во краткиот филм со наслов “Pump It Up” тие ни покажаа дека нивната опрема е подготвена за секаков предизвик.

Актерот администрира маратон од вежби кои со слична прецизност се користат и кај армијата. Без разлика на предизвикот, овие машини ја извршуваат секоја задача со леснотија, додека пак следејќи ги, Лундгрен си ја потпевнува хит песната од ’80тите ‘Pump Up The Jam’.

Она што следува се низа на импресивни акробации, вежби за повлекување и туркање на камионски гуми, како и влечење на 10-тонските бетнски блокови со Лундгрен на врвот. На крајот на снимањето, актерот изјави дека е фасциниран од машините и нивните квалификувани оператори кои ги изведоа сите овие вежби без никакви филмски акробации.

Поврзани вести

Back to top button