fbpx

Simplex е ретро-инспириран концепт со футуристички пресврт

Mercedes-Benz Design го создаде уникатниот концепт Simplex за Design Essentials 2019

Концептот наречен Vision Mercedes Simplex претсавува ретро-инспириран роудстер кој му оддава почит на историското наследство и раѓањето на марката. Како резултат, моделот црпи инспирација од Mercedes 35 PS од 1901 година.

Дизајниран со цел да прикаже како Mercedes може „да постави нови стандарди во мобилноста… вчера, денес и утре“, Simplex има истакната златна розева решетка, дизајнирана да нѐ потсети на бронзените радијатори од пред еден век. Сепак, централниот дел е заменет со дигитален дисплеј на кој со букви е испишано „Mercedes“, како и анимации кои даваат информации за статусот на автомобилот.

Simplex

Концептот доаѓа со уникатни гуми на кои се наоѓа амблем со логото на брендот, кои најверојатно се погонуваат од електрични мотори, бидејќи компанијата соопшти дека Simplex се напојува од алтернативен погон.

Едноставниот стајлинг продолжува и во кабината бидејќи има минималистичка табла со инструменти во златна розева боја, која врши проектирање на сите информации поврзани со автомобилот. Мерцедес овој пристап го нарекува „хипер аналоген“ и од компанијата соопштија дека автомобилот прикажува информации само кога тоа е потребно.

Покрај високо-технолошките дисплеи, концептот има ретро-инспириран часовник и управувач со дрвени завршетоци.

Поврзани вести

Back to top button