fbpx

Škoda со над 90.000 продажби во февруари

Škoda објави дека глобалната продажба на брендот во февруари достигна ниво од 90.900 автомобили, што поради намалената побарувачка во Кина, е со 2% под минатогодишното ниво за истиот месец

Škoda бележи завидно пазарно претставување во изминатиот месец во Западна Европа, каде достигна 41.100 автомобили или со 7,2% повеќе во споредба со февруари 2018. Во Германија, марката забележа раст од 11,5%, во Швајцарија е зголемувањето за 36.4%, а во Франција 14,4%.

Резултатот на Škoda во Централна Европа е на ниво од 17.300 возила (-6.1%), а во Источна Европа се регистрира раст од 13.1%.

Најдобро продаваниот автомобил на Škoda во февруари на глобално ниво била Octavia (26.400, -16.9%), а потоа се подредуваат Fabia (15.700, -4.4%), Rapid (13.000, -10.3%), Kodiaq (11.200, + 9,9%), Karoq (10.300, + 71.5%), Superb (8200, -27.5%), Kamiq (3000) и CityGo (3100, + 21.1%).

Поврзани вести

Back to top button