fbpx

Škoda ја најави новата стратегија, лансира три нови ЕВ

Чешкиот производител Škoda го претстави новиот Next Level Strategy 2030 план, а притоа најави и три нови електрични модели со достапни цени

Škoda има за цел да стане „поинтернационална, електрична и дигитална компанија, а за таа цел ја претстави и својата Next Level краткорочна стратегија за до 2030 година, според која треба да лансира три нови електрични автомобили кои ќе бидат со подостапни цени. Стратегијата има три главни столбови, а еден од нив е експанзијата, бидејќи производителот сака да стане еден од петте најпродавани брендови на Стариот континент.

Со цел да го достигне ова, Škoda ќе ја зацврсти својата позиција во влезните сегменти. Иако не сподели конкретни детали, компанијата напомена дека неодамна претставената Fabia има почетна цена од 14.000 евра. Но, компанијата не се фокусира само на пристапните цени за својот раст и развој, бидејќи Škoda сериозно се насочува и кон електричните автомобили.

Три столба за развој

Enyaq iV кросоверот е првиот исклучиво електричен модел на чешката марка, а сега Škoda ги потврди своите планови за најмалку три нови ЕВ модели до 2030 година. Од Млада Болеслав не откриваат многу детали, но најавуваат дека престојните модели ќе бидат поставени под Enyaq iV кога станува збор за големината и цената. Производителот вели дека имаат за цел „уделот на целосно електричните модели да достигне од 50 до 70 проценти во Европа, зависно од развојот на пазарот“.

Вториот столб во стратегијата е истражување на нови растечки пазари кои овозможуваат раст. Конкретно, Škoda сака да стане „водечкиот европски производител“ во Индија, Русија и Северна Африка до 2030 година. Моделот Kushaq, наменет за индискиот пазар е најава за сето ова, а компанијата потврди дека има планови да го понуди моделот и на други пазари.

Третиот и последен столб е ангажманот со клиентите, со што производителот ќе ја подобри одржливоста, различноста, образованието и обуката, како и дигиталното искуство на клиентите. Како дел од последната ставка, Škoda сака да ја зголеми онлајн продажбата, со тоа што секој петти автомобил ќе биде продаден онлајн до 2025 година.

Поврзани вести

Back to top button