fbpx

Škoda ја претстави Monte Carlo изведбата на Scala

Со спортски нагласоци, новата Škoda Scala Monte Carlo претставена со цел да оддаде почит кон рели историјата на компанијата

Преуредувањето кај новата изведба на чешкиот хечбек вклучува спортски акценти по надворешноста, како контрастни на црвена боја се сјајните црни елементи во редизајнираниот преден дел, решетката, рамките на прозорците, странични огледални капаци, задниот дифузер и спојлерот поставен на покривот. Натписот „Scala“ на петтата врата и стандардните 17-инчни или опционалните 18-инчни алуминиумски фелни, исто така доаѓаат со спортски црни акценти.

Внатрешниот дизајн на Scala Monte Carlo може да се пофали со црвени детали на перфорираниот кожен мулти-функционален управувач, менувачот и рачната сопирачка. Изгледот е надополнет со црн покривен материјал, LED амбиентално осветлување, хромирани завршетоци на вентилациските отвори и специјални подни патосници. Затемнети прозорци и панорамски покрив се исто така дел од понудата.

Scala

„Со новата Monte Carlo верзија, ставаме уште поголем акцент на спортскиот и динамичен карактер на Škoda Scala. Црните детали на Monte Carlo, големите алуминиумски тркала и заштитеното име создаваат врска со нашите успешни рели возила и се уште поконкретно дизајнирани за помлада целна публика, која го цени спортскиот и емотивен дизајн,“ изјави шефот за дизајн на Škoda, Оливер Стефани.

Како и остатокот од поставата на Škoda Scala, новата Monte Carlo изведба ќе биде достапна со целиот асортиман на мотори. Испораките ќе започнат во четвртиот квартал од годината, после премиерата на моделот што ќе се одржи на Саемот за автомобили во Франкфурт, следната недела.

Поврзани вести

Back to top button