fbpx

Škoda Motorsport слави 120 години со 1100 OHC Coupe

Чешката компанија Škoda во чест на своите 120 години мотоспорт, одлучи одново да го изгради култниот 1100 OHC Coupe

Škoda 1100 OHC Coupe e спектакуларен спортски автомобил кој не добил дозвола да се натпреварува на Ле Ман за време на Студената војна. Сега, овој автомобил е реставриран од страна на чешката компанија со цел да се прослави 120-годишнината на Škoda Motorsport.

Конструкцијата на 1100 OHC Coupe започнала во 1959 година и автомобилот се одликувал со врвна технологија како што е лесна рамка заварена од тенки цевки. Исто така добил и трапезоиден систем на потпирање со двојни попречни потпори на предниот дел. За да се намали тежината задните барабански сопирачки биле монтирани на диференцијалот.

Škoda 1100 OHC Coupe

Под хаубата се наоѓал четирицилиндричен мотор со запремнина од 1.100 кубни сантиметри, но Škoda го тјунирала да испорачува повеќе од двојно поголема моќност отколку кај 440 Spartak моделот, па така наместо 40, испорачувал 92 КС. Ова било доволно за автомобилот тежок 555 килограми да достигне максимална брзина од 200 километри на час.

Вистински предизвик за реставрација

По две години натпреварувања исклучиво во комунистичките земји, правилата за категоријата до 1.100 цц биле променети, па Škoda ги продала автомобилите на приватни купувачи, а и двата модели подоцна биле уништени во судири. Поголемиот дел од деловите, сепак, успеале да се вратат во рацете на Škoda низ годините и во 2015 година, производителот всушност успеал да ја направи одново шасијата која е изложена во музејот.

Во чест на 120-годишнината на Škoda Motorsport, компанијата од Млада Болеслав одлучи да ја заврши реконструкцијата и да направи алуминиумска каросерија за да ги замени оние кои биле загубени со текот на годините. Со користење на дводимензионални цртежи, прототип тимот на Škoda успеал да создаде 3D мрежа на возилото и дигитална копија од истиот. Формите и индивидуалните детали биле внимателно изучени и поправени со цел да се осигураат дека новосоздадениот автомобил да биде што е можно поблиску до оригиналниот.

Škoda 1100 OHC Coupe

По ова мајсторите користеле 0,8 и 1 милиметри тенки листови од алуминиум и рачно ги заварувале и ги ковале за да ја добијат конечната форма. За среќа, голем дел од деловите на оригиналниот 1100 OHC Coupe, како што се рачките на вратите, едноставно биле позајмени од продукциските автомобили на Škoda од тоа време, што го олеснил целиот процес на тимот за да го реконструираат автомобилот.

Сега, реставрираниот 1100 OHC Coupe ќе биде изложен заедно со кабрио верзијата во музејот на Škoda.

Поврзани вести

Back to top button