fbpx

Škoda потврди, новата Fabia доаѓа догодина

Новиот извршен директор на Škoda, Томас Шефер, потврди дека моделот од Б сегментот на чешката компанија ќе добие нова генерација следната година

Томас Шефер, извршниот директор на Škoda, изјави дека ќе се држи до планот Strategy 2025 кој беше имплементиран уште за време на неговиот претходник, Бернард Мајер, но и дека ќе се потруди со своите идеи да ја унапреди Škoda и да ја донесе на уште повисоко ниво. Дел од тие планови е и Škoda Fabia.

Со оглед на тоа дека актуелната, трета генерација на Škoda Fabia е во производство од 2014 година, јасно е дека чешката компанија подготвува наследник, а добрата вест е што за тоа не мора да се чека многу, бидејќи ќе пристигне догодина.

Првиот човек на Škoda изјави дека компанијата „се фокусира кон корејските, јапонските и француските производители, со оглед на тоа дека тоа е нивната најголема конкуренција“. Тој исто така додаде дека „едвај чека да пристигне лансирањето на новата Fabia следната година“. Според Шефер, новата Fabia ќе биде одличен автомобил и очекувањата во Škoda се високи.

За жал, Шефер не откри детали, но веќе може да се претпостави што може да се очекува од новата генерација на Fabia, која ќе биде поставена на MQB A0 платформата на VW. На истата се поставени и најновите генерации на Polo, Audi A1 и Seat Ibiza и поддржува различни погони, во комбинација со петстепен и шестстепен мануелен менувач и седумстепен автоматски менувач.

Кога станува збор за дизајнот, се очекува да го следи патот на поголемите „браќа“ Scala и Octavia, заедно со редизајниран ентериер исполнет со нови технологии.

Поврзани вести

Back to top button