Skopje Classic Day 2018 (67 фото)
Вчерашниот ден беше одбележан со еден од најинтересните авто-настани оваа година, олтајмер шоуто на Gentlemen's Crew - Skopje
Вчера скопјани имаа прилика да бидат дел од возбудливото авто-шоу со ретро мотив, кое се одржа во паркот „Авиончe” во населбата Аеродром. Тука со своите ретро и автентични автомобили, се пофалија околу 60 учесници, меѓу кои и покрај домашните, во голем број ги имаше и тие кои специјално беа дојдени од Србија, Бугарија, Косово, па дури и од Германија.
Дел од возилата досега сме имале прилика да ги видиме и по нашите улици, но имаше и такви кои сопствениците ги чуваат посебно за вакви настани. Бројот на автомобили и моторцикли беше прилично голем, меѓу кои се наоѓаа разни марки и видови на возила, со разни приказни позади нив.
Едно од поинтересните возила, беше Титовиот Mercedes-Benz W114 од 1974 година, кое е во сопственост на Владата на РМ и за прв пат учествува во едно вакво шоу.
Исто така возило кое привлече најмногу внимание денес, беше американскиот Ford Fairlane 500 од 1959 година, кој носи 5.8 литарски осум-цилиндричен мотор со 300 коњски сили, а од Флорида е донесен пред околу една година.
Најстариот меѓу сите, беше автомобилот Opel Kapitan, произведен дури далечната 1941 година, со што претставува најстарото регистрирано возило во нашата земја. Едно шоу со ваков карактер не може да помине, доколку во својот состав не ги содржи и иконите на германскиот гигант Volkswagen, како легендарната VW Beetle, Golf MK1 и Kombi T2.
Остатокот вбројуваше многу разни марки на автомобили како: Fiat, Zastava, Saab, Volvo, Mini, Peugeot, Mercedes и многу други.
Секако, за најдобрите следуваа и признанија односно плакети, па така со едно вакво признание дома си заминаа следните учесници:
Во продолжение преку нашите фотографии, ќе се обидеме да ви доловиме дел од атмосферата. Уживајте.