fbpx

Следната генерација на S-Класа ќе го задржи V12 моторот

Mercedes-Benz останува „врзан“ за V12 погонот, откривајќи дека и понатаму ќе се нуди и во следната генерација на S-Класа

Моќниот V12 мотор ќе преживее уште една генерација на S-Класа. Извршниот директор на Daimler, Ола Колениус, изјави дека редизајнираниот модел кој ќе се појави во 2021 година ќе го задржи својот V12 мотор како дел од највисокиот опсег.

До минатата година, производителот го нудеше овој V12 мотор и кај Mercedes-AMG S65, а исто така и S-Класа беше достапна без значките AMG или Maybach, односно како S600 верзија. Сепак, моделот беше отфрлен во 2017 година, додека пак S65 е сеуште достапна на пазари како Кина и САД.

Шпекулации протекоа околу овој погон, со што се претпостави дека V12 ќе биде заменет со 4,0 литарски V8. На пример, иако моделите на Maybach традиционално ја користат оваа единица, најновиот член на поставата, Maybach GLS600, користи 4.0 литарска V8. Сепак, според Колениус, планови за Maybach GLS со V12 не постојат, иако ќе има варијанта со шест цилиндри „во догледно време“. Ваквата верзија на Maybach од S-Класа е веќе достапна во Кина и е наречена Mercedes-Maybach S400, која користи 3.0-литарски V6.

Следната генерација на S-Класа треба да дебитира некаде во 2020 година.

Поврзани вести

Back to top button