НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Следниот Škoda Rapid со димензии на VW Golf

Škoda има сериозни планови за својот компактен модел Rapid, кој го обнови популарното име во 2012 година

Подоцна, се појави и верзијата Spaceback, нешто помеѓу хечбек и вагон, а во 2017 година Škoda Rapid беше подложен на редизајн.

-Нашето присуство во овој сегмент од пазарот е прилично скромно, изјави за магазинот Autocar, главниот извршен директор на Spaceback, Ален Фаве. – Со актуелниот Škoda Rapid Spaceback, не можевме да ги убедиме купувачите дека сакаме сериозно да учествуваме на овој пазар. Затоа Škoda ќе се обиде да се наметне со нова изведба меѓу најуспешните Fabia и Octavia, како втор модел на платформата на Golf – MQB.

Škoda Rapid

Повеќе од логично е да се очекува е дека следниот Rapid ќе биде хечбек кој ќе е директен ривал на VW Golf. Новиот Rapid нема да има караванска верзија, бидејќи оној на Octavia е мошне успешен во продажбата. Што се однесува до дизајнот, Rapid и тука ќе му биде ривал на Golf, а Octavia ќе остане класичен седан. Најверојатно ќе се движи од бензинските TSI мотори со зафатнина од 1.0 и 1.5 литри и можеби ќе добие и 1.6-литарски TDI.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close