fbpx

Први слики од ентериерот на Škoda Scala

Škoda ги објави првите слики од внатрешноста на новата Scala, која ќе дебитира на 6-ти декември.

Од Škoda коментираат дека дизајнот на ентериерот на Scala следува по оној на концептуалниот развој Vision RS и ќе биде првиот автомобил на марката, која ќе им понуди на корисниците вакво ново на дизајн. Главните елементи во ентериерот се високо позиционираниот 9,2-инчен екран и новиот стил на таблата со инструменти.

„Škoda Scala е нашиот прв сериски автомобил кој ја демонстрира нашата нова идеа за внатрешноста, воведувајќи надграден дизајнерски јазик со нови бои и материјали“, коментира Норберт Вебер, шеф на внатрешниот дизајн на Škoda Auto. „Неговата премиера на Scala го означува почетокот на новиот идентитетски бренд на Škoda, кој е емотивен и функционален“.

scala

Scala ќе биде првиот автомобил на компанијата, кој ќе биде опремена со инфо-комуникацискиот систем на брендот од најновата генерација, а како главен акцент тука ќе биде новиот високо позициониран екран, како и поголемиот 10.25- инчен кој ќе се нуди во повисоко ниво на опрема. Друг интересен акцент во внатрешноста на новиот хечбек ќе биде системот за индиректно осветлување, кој ќе понуди избор на позадинско осветлување помеѓу бело и црвено.

Škoda Scala ќе стапне на пазарот во првата половина на следната година, со избор меѓу пет погонски верзии, a максималните капацитети ќе се движат од 90 до 150 коњски сили.

Поврзани вести

Back to top button