fbpx

Минхен 2023: Smart #3 ја забележа својата европска премиера

По премиерата на Салонот во Шангај, Smart #3 ја доживеа и својата европска премиера на IAA саемот за мобилност во Минхен

Електричниот Smart #3 го забележа своето европско деби на Салонот за автомобили во Минхен, откако првично беше претставен на Авто Шангај минатиот април.

Со должина од 4.440 милиметри, Smart #3 е позициониран во компактниот SUV сегмент, веднаш над тесно поврзаниот Smart #1 кој е пократок за 170 милиметри. Европските спецификации на купе кросоверот се идентични со кинескиот „брат“, но го добива 25th Anniversary Edition изданието кое пристигнува во ограничено производство.

Smart #3

Специјалниот јубилеен модел е дизајниран во чест на 25 години од дебито на оригиналниот Smart. Достапен е исклучиво со бел финиш на екстериерот со портокалови акценти, црни 19-инчни алуминиумски тркала и специјални обележја. Во кабината, моделот располага со дарежлива опрема, вклучувајќи 12,8-инчен инфозабавен систем, 9,2-инчен дигитален инструмент кластер, 10-инчен head-up дисплеј, црно-бел кожен тапацир за седиштата, панорамски покрив со интегрирани LED диоди и Beats аудио систем со 13 звучници.

Smart #3

Три нивоа на опременост

Нивоата на опременост Pro+, Premium и 25th Anniversary на Smart #3 пристигнуваат со еден електричен мотор поставен позади кој произведува 272 КС. Сепак, перформансната верзија Brabus добива систем со два електромотори кои произведуваат комбинирани 428 КС. Верзиите со погон на сите задните тркала од место до 100 километри на час забрзуваат за 5,8 секунди, а верзијата со погон на сите четири тркала ја поминува истата дистанца за 3,7 секунди.

Smart #3

Сите варијанти на Smart #3 се опремени со истата батерија од 66 kWh литиум-никел кобалт-манган, овозможувајќи опсег на движење помеѓу 415-455 километри во зависност од верзијата и поддржува до 150 kW/h DC полнење. Треба да се напомене дека и Smart #1 и #3 се засноваат на Sustainable Experience архитектурата на Geely, која исто така е основа и за Volvo EX30 и Zeekr X.

Smart #3 ќе се појави во Германија на крајот на 2023 година, а на другите европски пазари треба да пристигне на почетокот на 2024 година. Во Германија, цената ќе се движи помеѓу 43.490-50.990 евра во зависност од нивото на опременост.

Поврзани вести

Back to top button