fbpx

Smart подготвува кросовер за 2022 година

Smart во претходните години се фокусираше на електричните производи, а сега планира да лансира кросовер до 2022 година кој ќе направи пресврт во продажните резултати

Smart веќе подолги години се мачи со загубите во автомобилската индустрија и не може да се пофали со профитабилен период во својата историја. Германскиот производител, кој делумно е дел од Daimler, во претходните години се насочи кон електричните производи и ги делеше трошоците со Renault, но ниту тоа не ги даде посакуваните резултати.

Но, сега од оваа компанија се надеваат дека ќе направат пресврт со воведување на нов кросовер, кој би требало да се најде во продажба до 2022 година. Според информациите, новиот кросовер ќе биде долг 4.064 милиметри, со што ќе се најде во истата категорија со Mini Cooper.

Иако се споменуваше дека би можел да ја дели платформата со Renault, Smart сепак се насочува кон Кина. Имено, компанијата Geely минатата година инвестираше во Daimler, но и оформи заеднички потфат,  односно компанија со рамноправно учество во капиталот на марката Smart. Поради тоа, се претпоставува дека Кинезите се во состојба да ги задржат трошоците од производството и развојот пониски во споредба со оние кои би биле потреби за процесот да се одвива на друго место.

Кросоверот ќе се напојува со електричен агрегат кој ќе има автономија од 400 километри за градско возење со едно полнење. Не е познато дали погонот ќе биде на предните или задните тркала, но благодарение на малите димензии на возилото, шансите се поголеми погонот да биде на предната осовина.

Тука се наметнува и прашањето дали Smart ќе лансира вистински кросовер или пак хеџбек со зголемен клиренс. Германската компанија претстави сличен модел пред осум години наречен ForStars концепт, но истиот никогаш не се најде во сериско производство. Како и да е, на Smart му е неопходен успешен модел со цел конечно да ја поправи лошата финансиска ситуација во фирмата.

Поврзани вести

Back to top button