fbpx

Со новиот 308, Peugeot електрифицираше 70 проценти од поставата

Електрификацијата е една од главните цели на Peugeot, а француската компанија вложува сериозни напори во својата стратегија

Со претставувањето на новата генерација на 308, кој ќе се нуди со два plug-in хибридни погони, Peugeot успеа да електрифицира 70 проценти од својата постава во Европа, вклучително и патничките и комерцијалните возила на компанијата. Со оглед на тоа дека електрификацијата е важен дел во стратегијата на францускиот производител, се очекува до 2023 година 85 проценти од моделите на брендот да бидат електрифицирани, а веќе од 2025 година во Европа тој процент да се искачи на 100.

Уште од самото лансирање, новиот Peugeot 308 ќе добие два plug-in хибридни погони во понудата, со што дополнително се зголемува палетата на електрифицирани возила. Базичната PHEV верзија комбинира бензински PureTech мотор од 150 КС и електромотор од 81 kW, во комбинација со осумстепен автоматски менувач. Помоќната варијанта комбинира бензински мотор од 180 КС и истиот електромотор во комбинација со осумстепен автоматски менувач. Според WLTP, двата погони ќе нудат 59, односно 60 километри чисто електричен погон.

Електрификацијата на Peugeot започна пред три години со лансирањето на е-208 и оттогаш целосно електричните модели и хибридите на компанијата остварија сериозен успех на пазарот. Во првите пет месеци од 2021 година, Peugeot е вториот најпродаван бренд вво Европа и трет најпродаван бренд кога станува збор за електрифицирани возила. Peugeot e-208 и e-2008 се на второто место во нивните сегменти.

Моќта на изборот

„Електрификацијата е во коренот на нашата стратегија ‘Моќта на избор’, која им дава на нашите клиенти можност за избор на мотор, без разлика дали е конвенционален или електрифициран, она што најдобро одговара на нивните потреби. Одличните продажни резултати на нашите електрифицирани модели покажуваат дека во Европа, ова стратегијата носи плод. На меѓународно ниво, дури и на пазарите каде се појавува електрификација, ќе го искористиме нашето портфолио на електрифицирани модели за да се истакнеме како инвентивен, премиум генералистички Бренд. Каде и да сме, сакаме да бидеме вистински двигатели на напредокот“, вели Линда Џексон, извршен директор на Peugeot.

Стратегијата наречена „Моќта на изборот“ на Peugeot е овозможена благодарение на модуларните мулти-енергетските платформи на групацијата, кои овозможуваат да ја поставиме технологијата на највисоко ниво или онака како што најмногу им одговара на купувачите, кои можат да бираат помеѓу целосно електричен, plug-in хибриден, хибриден или погон со мотор на внатрешно согорување.

 

Поврзани вести

Back to top button