fbpx

Soventem ја предвидува електричната иднина со футуристички ЕВ

Престојната забрана за продажба на возила кои користат мотори на внатрешн согорување во Велика Британија ја инспирираше новата компанија Soventem

Со најавената забрана за продажба на нови конвенционални возила на Островот, во Велика Британија се засилува електрификацискиот тренд. Така, се појавија неколку нови компании, меѓу кои и новата британска фирма Soventem која ја претстави својата визија за иднината, со два урбани модели кои се одликуваат со неконвенционален стајлинг. Двете електрични возила, едното со две, а другото со четири седишта, ќе бидат достапни за споделување и за приватно користење, а лансирањето е најавено за март 2024 година.

Soventem

Soventem објави дигитални рендери за своите престојни модели. Целта на компанијата е да понуди нешто поинакво што луѓето ќе сакаат да го возат низ урбаните средини. Дизајнот на екстериерот кај двата модели се карактеризира со целосно покриени тркала кои се испакнати од аеродинамичната каросерија и големите gullwing врати. Првиот модел е двосед со централна возачка позиција, додека слично дизајнираниот втор ЕВ има поширока кабина со четири седишта.

Просторите за складирање кај двата ЕВ модели се на предната страна и на задниот дел за багажот на патниците. Белиот тапацир во ентериерот е комбиниран со портокалов заден дел на седиштата и дрвен трим. Двоседот има единечен екран кој има функција на инструментален кластер и инфозабавен дисплеј, додека верзијата со четири седишта има голем екран на допир на централната конзола и дополнителни таблети за задните патници.

Soventem

Футуристичка технологија и ветувачки ЕВ перформанси

Управувачот има копчиња и екрани на самиот обрач. Кај двоседот со 1+ поставка, возачот ќе може го гледа лицето на возачот преку екран на задниот дел од седиштето, овозможувајќи полесна комуникација. Компанијата вели дека нивните возила се „поврзани со се и секаде“ и дека нивниот специјално развиен асистент наречен Lucy ќе го препознае секој возач/патник, ќе ги следи гласовните команди во нивниот мајчин јазик и ќе детектира контакти во блиски локации.

Како што пренесува Autocar, моделите ќе бидат развиени во MIRA технолошкиот парк во Варвикшајр, во соработка со израелската компанија REE која е специјализирана за ЕВ платформи и американската компанија Clearmotion специјализирана за системи за потпирање.

Иако засега нема информации за електричниот погон, компанијата вели дека моделите ќе нудат опсег на движење од околу 480 километри, а целосното полнење ќе трае помалку од пет минути. Електричните возила на Soventem ќе се одликуваат со „возење како на магичен тепих“, благодарение на воздушниот систем на потпирање и користење на голем број 3D печатени компоненти.

Роберто Парсон, основачот на Soventem, за британскиот магазин откри дека компанијата има намера да има максимално годишно производство од 3.000 автомобили, иако нивната цел е да бидат достапни.

Поврзани вести

Back to top button