Шпиунски фотки од VW Golf R „уловен“ без камуфлажа

Полека се наближува официјалното претставување на Golf GTD и GTI, кои всушност наликуваат на GTE, а VW го подготвува и перформансниот Golf R кој е уловен без камуфлажа

VW веќе се подготвува и за дебито на Golf R, кој љубителите на германскиот хечбек со нетрпение го очекуваат, а перформансниот модел на Golf ќе добие сосема поинаков аеро пакет, но и понатаму не премногу нагласен, како што е случајот и со претходните генерации.

На интернет веќе се појавија првите шпиунски фотографии од новиот Volkswagen Golf R, без ниту „грам“ камуфлажа, кој би можел официјално да биде претставен на Goodwood Festival of Speed во Англија, или пак нешто подоцна ова лето. Во моментов минува низ тестирања во поблаги зимски услови, со забележителни козметички промени во однос на регуларните модели, кои јасно нагласуваат дека станува збор за VW Golf R.

VW Golf R

Напред, јасно е присуството на новиот браник со три посебни отвори наместо униформната црна лента на останатите Golf 8 верзии и нешто поинаква предна решетка. На задниот дел почива дифузор со по два завршетоци од издувните цевки на секоја страна, во нешто поширока поставка од претходно. Тука е и поголемиот покривен спојлер. Новиот Golf R доаѓа и со поспортски тркала со поголеми дискови, иако фелните се од Golf 7, но тука и онака не станува збор за сериски модел.

Според „протечените“ информации од претходно, може да се очекува и зголемување на силата. Од познатиот 2,0-литарски турбо четирицилиндричен мотор се извлечени 333 КС чија моќност ќе се пренесува на сите четири тркала со посредство на DSG менувач со двојна спојка. Но, без оглед на тоа што е 11 проценти помоќен, новајлијата VW Golf R нема да биде драстично побрз од својот претходник, „благодарение“ дополнителната технологија за еден вид мала хибридна асистенција, но и понатаму ќе биде доволно брз на патиштата.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close