fbpx

Спортски автомобили за ненадминливо задоволство 718 Spyder и 718 Cayman GT4

Претставени новите Porsche 718 Spyder и 718 Cayman GT4 два посебно емотивни и моќни модели подготвени да го превземат врвот

За првпат, 718 Spyder и 718 Cayman GT4 ја делат техничката основа вклучувајќи го и ново развиениот четирилитарски шестцилиндричен атмосферен мотор кој генерира 420 коњски сили, заедно со шестстепен мануелен менувач. Максималната брзина на 718 Spyder е 301 km/h, додека 718 Cayman GT4 може да достигне 304 km/h.

Забрзувањето кај двата модела до 100 km/h е за 4,4 секунди. Новите додатоци вклучуваат технички моменти, како што е адаптивната контрола на цилиндрите. Во возење со делумно оптоварување, моторот привремено го прекинува процесот на вбризгување во една од двата цилиндрични банки, со што се намалува потрошувачката на гориво. Пиезо инјекторите се користат за директно вбризгување на горивото за првпат во моторот со висок вртежен момент. Поради комплетниот процес на согорување, емисиите на штетни гасови се многу ниски.

Впечатлива карактеристика на 718 Cayman GT4 е подобрената аеродинамика, која произведува до 50 проценти повеќе „downforce“, без да има негативно влијание на воздушниот отпор. Фиксираното задно крило исто така бележи голема ефикасност: произведува околу 20 проценти повеќе „downforce“ во споредба со неговиот претходник.

1 | 
2 | 718 Spyder и 718 Cayman GT4
3 | 718 Spyder и 718 Cayman GT4

    Ова одговара на дополнителен притисок од дванаесет килограми на 200 km/h. Предниот дел, кој е оптимизиран во стилот на GT, го одржува аеродинамичното балансирање со големиот преден спојлер и т.н. воздушни завеси. Новиот 718 Spyder е чиста машина за задоволство при возењето кој може да се справи со најголемите брзини.

    Покривот е погоден за секојдневна употреба и може да се намести во неколку чекори. За разлика од GT4, 718 Spyder има заден спојлер кој се крева автоматски со брзина од 120 km/h. Благодарение на функционалниот дифузер, тој е првиот модел во семејството Boxster кој генерира аеродинамична сила на задната оска.

    За прв пат досега, 718 Spyder ја користи GT шасијата со високи перформанси на 718 Cayman GT4.

    Системот за амортизација со Porsche Active Suspension Management со ниска суспензија од 30 mm го намалува центарот на тежиштето и го подобрува потенцијалот на страничната динамика. Тој е специјално дизајниран за употреба на тркачката патека и ги прави јасните карактеристики на 718 Cayman GT4 поостри.

    Системот на сопирачки со високи перформанси во 718 Spyder и 718 Cayman GT4 обезбедува постојано сопирање кое е погодно за возење на патеката благодарение на големите сопирачки. Porsche Ceramic Composite Brake (PCCB) исто така е достапна како опција. Една нова функција е дека 718 Spyder сега е достапен со гуми со ултра-високи перформанси (UHP) специјално адаптирани од Porsche.

    Тие се дел од целокупниот пакет кој го прави доминантен 718 Cayman GT4 на Nürburgring „Nordschleife“: времето на неговиот круг на 20,6 километри долгата патека е за повеќе од десет секунди побрзо од неговиот претходник.

    1 | 718 Spyder и 718 Cayman GT4
    2 | 718 Spyder и 718 Cayman GT4
    3 | 718 Spyder и 718 Cayman GT4

      Поврзани вести

      Back to top button