Suzuki ја претстави освежената верзија на Ignis
По објавените фотографии за обновениот Maruti-Suzuki Ignis за индискиот пазар, сега пред нас е верзијата за Јапонија, а тоа значи дека наскоро ќе пристигне и рестилизраниот Ignis за европскиот пазар
Хечбекот од втората генерација со пет врати, Suzuki Ignis, своето деби го имаше во текот на 2015 година. Овој модел е уникатен поради тоа што остави впечаток дека е позициониран некаде меѓу две класи. Дека станува збор за кросовер, сведочи оддалеченоста од земјата која изнесува цели 18 сантиметри, но и опционата понуда на систем за погон на сите четири тркала. Сепак, станува збор само за благо возвишен хечбек.
Поради тоа, дојде до потешкотии во класификацијата на актуелниот Ignis на јапонскиот пазар, па така, конструкторот одлучи на купувачите да им понуди и поексплицитна варијанта на хечбек кој претендира кон кросовер. Оваа верзија го доби префиксот MF, а во салоните ќе пристигне во исто време како и рестилизираниот „обичен“ Ignis.
Нема да биде тшеко да се препознае „крос“ варијантата на Ignis. Таа се разликува според робусните браниците кои ги красат поголеми детали во сребрена боја, покривни носачи и црни рамки околу лаковите на тркалата, односно по страниците на возилото. Исто така, треба да се спомене и сменетиот заден браник, новата боја (Though Khaki Pearl Metallic).
Обичната верзија на Ignis, по „затегнувањето“, наспроти онаа помодарската, го загуби големиот црн инсерт кој се наоѓаше во браникот во изминатите неколку години. Сите варијанти на освежениот Ignis имаат решетка со иновациски изглед. Патничката кабина доживеа блага трансформација. Ревидирана е листата на расположливи ткаенини за облога на седиштата, додека измени доживеа и инструменталниот панел.
Ignis со поголема понуда во стандардната опрема
Ентериерот на Ignis со MF одредницата исто така доби свои специфичности, а тие се гледаат во акцентираните детали кои кореспондираат со изборот на боја на каросеријата и „кожната“ внатрешност. За купувачите добра вест е што сега стандардната опрема вклучува и греачи на предните седишта, одложено деактивирање на светлосниот сноп на фаровите, односно Follow-me-home функцијата, сет електронски помагала кои опфаќаат и автономно кочење во критични ситуации, како и Dual Camera Brake Support.
Кога станува збор за моторите, палетата останува иста, односно достапен е само четирицилиндричниот атмосферски Dualjet 1,2-литарски бензинец кој испорачува 91 КС со 118 Nm максимален вртежен момент и кој ќе биде во комбинација со погон на предните тркала и mild-hybrid систем. Како опција доаѓа и погонот на сите четири тркала.
Suziki ја извести јавноста и за ценовната политика која ќе го следи Ignis на матичниот пазар. Цената за Ignis стартува од 14.000 американски долари во Јапонија, односно 12.665 евра. За крај, треба да се додаде дека Европјаните и Индијците (кои се мошне важни купувачи за индинскиот бренд) наскоро исто така ќе можат да се радуваат на новата верзија на Ignis.