ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Suzuki е најпрофитабилна автомобилска марка во светот

Јапонскиот производител Suzuki е најпрофитабилниот автомобилски бренд во светот за вториот квартал од 2018 година

Ова го објави Manager Magazin, кој пренесува информации од аналитичката агенција -Ernst & Young. Според добиените резултати, маргината за јапонската марка изнесува 11,8%. Ова значи дека за секои 100 евра заработени од продажба на автомобили, Suzuki добива 11,8 евра.

На второ место, само за овој квартал е BMW со 11,4%. Ако се сметаат двете тромесечја од годинава, Германците се уште пред Јапонците. Интересно, Daimler падна на шесто место од второ, со добивка од 6,5%. Истото важи и за Volkswagen, кој беше четврти, но во вториот квартал е само на седмата позиција со 6,0%.

Што се однесува до вкупниот профит од продажбата на автомобили во 2018 година, Volkswagen Group, која продаде најмногу автомобили, е прва. После неа е рангирана Toyota, која е најпрофитабилна во моментов во профитот од акциите на берзата.

Suzuki

Клучни зборови

Поврзани вести

Close