ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Шведска побарува долг од Северна Кореја – 330 милиони долари

Шведска инсистира Северна Кореја да го подмири долгот стар 40 години за испорачани автомобили Volvo, соопштуваат повеќе медиуми, повикувајки се на извештај на шведска компанија за надворешна трговија - EKN

Според податоците, во 1974 година, Северна Кореја добила од Шведска неколку илјади автомобили Volvo, како и други стоки во вкупна вредност 73 милиони долари. Под различни објасненија од Пјонгјанг досега парите не се исплатени. Согласно банкарскиот договор износот на име камати скокнал за 4,5 пати – до 330 милиони долари. Во извештајот на EKN се наведува дека тоа е 45% од вкупниот долг на исклучителни обврски на 16 држави кон Шведска.
Северна Кореја
„Северна Кореја на никаков начин не реагира на нашите барања за отплата на долговите. Всушност, тоа е единствената држава која должи пари на Шведска. А не се обидела да врати ниту цент од нив, се вели во соопштението.

Властите во Шведска секоја година барем 2 пати се обраќаат кон оние во Северна Кореја, со барање за решавање на односите. Пред неколку дена повторно испратија писмо до Пјонгјанг, но нема одговор и најверојатно нема да има. Владата на Скандинавската држава веќе дала согласност за договор за одложено плаќање на долгот. Но е категорична дека нема да отстапи од своите побарувања.

Шведска е позната по тоа што никогаш не простува долгови на другите земји. Во исто време Русија веќе се откажа од долгот од 10 милијарди долари. Пари кои им ги должеше комунистичката држава на Корејскиот полуостров.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close