Свештеник во црква привлекува следбеници со подарени автомобили
Свештеник во христијанска црква, во американската држава Мериленд, презеде необичен потег за да го зголеми бројот на луѓе кои би присуствувале на неделните миси
Петмина од нив минатата недела заминаа со своите донирани автомобили, објави изданието ChristianPost.
Свештеникот Стивен Чендлер, признава дека на сличен начин успеал да го удвои бројот на посетители на службата. Нормално, досега имаше на миса секоја недела по 1.100 , но сега во црквата доаѓаат по 2.250 луѓе. Според свештеникот, ништо нема чудно во она што се случило, бидејќи таквиот потег ја покажува великодушноста на Црквата.
-Библијата вели дека поголема среќа е да се даде, а не да се прима. И ние само сакавме да ја славиме моќта на Словото Божјо со чин на великодушност, откако претходно добивме нова зграда, објасни Чендлер. Така, за време на минатонеделната миса, беа подарени 5 автомобили: Chevrolet Cruze, Toyota Corolla, Nissan Sentra, Ford Escape и Dodge Journey. Црквата ги платила автомобилите преку својот фонд за донации.
Ваквиот потег предизвика сериозна критика, многумина ја обвинуваат црквата за давање мито и цинизам. Свештеникот Чендлер, сепак, е категоричен дека ова е „чин на великодушност, од што секој мора да разбере дека Господ го сака”. Интересно, свештеникот од соседната црква, Дејвид Андерсон, го поддржа својот колега, нарекувајќи ги неговите дела „иновативни”. Во 2016 година, тој исто така донираше автомобил за сиромашно семејство, а сега редовно дистрибуира храна за сиромашните што ги посетуваат неговите миси.Зарем е грев да им се помага на сиромашните?