fbpx

Светот „полуде“ по Cybertruck, Tesla доби огромен број нарачки

Илон Маск објави дека компанијата добила 200.000 нарачки за својот футуристички камионет Cybertruck

И покрај тоа што поради дизајнот доби голем број критики, извршниот директор
на Tesla Илон Маск објави дека компанијата веќе добила 200.000 нарачки за
својот футуристички камионет Cybertruck.

Првиот пикап на Tesla, изработен од не’рѓосувачки челик, чија цена се движи
од 39.900 долари, може да се резервира за депозит од само 100 долари.
За разлика од тоа, во 2016. година беа потребни најмалку 1.000 долари за да
се резервира најпродаваниот модел на Tesla, седанот Model 3.

Компанијата, како што соопштија, примиле голем број резервации, што ја
зголеми вредноста на нејзините акции на 345,50 долари во електронското
тргување.

„Подобар камионет од Ford F-150, побрз од Porsche 911“, напиша Маск на својот Твитер профил за Cybertruck.

Како што објави Маск, најголем број од потенцијалните купувачи се определиле
за верзијата со два електромотори (42 проценти), а само нешто помалку (41%)
за најскапата опција со дури 3 електромотори, додека само 17% го сакаат
базичниот модел со само еден електричен мотор.

Ова се одлични податоци за Tesla, кога станува збор за заработката, бидејќи
преку 80% од потенцијалните купувачи сакаат да ги потрошат своите пари на
поскапите верзии на камионетот.

Маск исто така се пофали дека големиот број на нарачки е забележан без
класичен маркетинг и рекламирање на возилото.

Сепак, треба да се нагласи дека сите оние кои го нарачале Cybertruck не се
сигурни купувачи, со оглед на тоа дека Tesla за резервацијата бара депозит од
само 100 американски долари.

Дизајнот на новиот Cybertruck предизвика огромно внимание и ја подели
јавноста поради својот изглед. Но, се чини дека Маск токму поради
неконвенционалниот и футуристички дизајн го привлече вниманието. Кога
станува збор за перформансите и спецификациите, речиси и никој нема
забелешки за новиот Cybertruck.

Најсилната изведба има три електромотори, погон на сите тркала и до „стотка“
стигнува за 3 секунди. Дометот притоа изнесува преку 800 километри со
максимална брзина од повеќе од солидни 209 километри на час. Цената на овој
модел изнесува 69.900 долари.

Средната понуда ја сочинува изведбата со 2 електромотори чија цена се движи
од 49.900 долари, од 0 до 100 стигнува за 4,6 секунди и има домет од 480
километри.

Основната изведба на Cybertruck e на заден погон, со еден електромотор и
забрзување од 6,6 секунди до 100 километри на час.

Дометот изнесува околу 400 километри, а цената се движи од 39.900 долари со
што Маск е особено задоволен.

Во секој случај, ова е најрадикалниот модел на Tesla досега, а добрата основна
цена и фактот дека има единствен дизајн резултираше со огромен успех.

Производството ќе започне кон крајот на 2021. година.

Поврзани вести

Back to top button