fbpx

Светска премиера на иконата Bulli

Volkswagen го претстави Bulli 6.1 на публиката само на неколку метри од местото каде што биле изградени првите прототипи од моделот пред 70 години

Kонтинуираното менување, развивање и подобрување на транспортерите, големите комбиња и каравани е карактеристика на Volkswagen. Новиот Bulli 6.1 доаѓа со низата нови помошни системи, дигитални инструменти, последната генерација на Volkswagen инфозабавни системи со континуиран онлајн пристап, надополнет и со дизајнот на предниот дел и контролната табла, најновите TDI мотори и но и целосно електричен возен систем што е новост кај овој модел.

Bulli

Новите помошни системи го вклучуваат стандардниот Cross Wind Assist кој автоматски го стабилизира Bulli 6.1 секогаш кога има силен ветер. Нови опции во опремата ги вклучуваат: Lane Assist – системот за одржување на коловозна лента, Park Assist системот, Rear View Assist или помош за заден преглед кој помага во избегнува на несреќи при возење во рикверц и Trailer Assist го прави управувањето со приколка полесно. Опсегот на нови системи е дополнет со динамичен дисплеј за сообраќајни знаци. Најважната нова опрема на сите инфозабавни системи е интегрираната SIM картичка (eSIM) и MIB3 системите кои исто така нудат функции како што се интернет радио и музички „стриминг“ услуги.

Bulli

Основниот мотор ќе е високо ефикасен 2 литарски турбодизел мотори (2.0 TDI мотори со излези од 66 kW/90 КС до 146 kW/199 КС). Сите ги исполнуваат Euro-6d-TEMP-EVAP стандардите за емисии. Врз основа на партнерство со ABT, Т6.1 дури ќе биде понуден како возило со нула емисии (82 kW/112 КС). Капацитетот на батериите до 77,6 kWh овозможува возење на повеќе од 400 км (NEDC) – правејќи го возило идеално за комерцијални должности во урбаниот свет.

Поврзани вести

Back to top button