Светска премиера на новата генерација Hyundai Santa Fe

Целосно новата, четврта генерација на на SUV изведбата на Hyundai, моделот Santa Fe, имаше светската премиера во центарот Motorstudio Goyang на брендот во Сеул

Од Hyundai коментираат дека новата генерација на возилото, која во изведбата со пет седишта ќе се вика само Santa Fe, а онаа седум ќе го добие додатокот XL, ќе добие уште една модификација со осум места, која во моментов се наоѓа во процес на развој и ќе има целосно нова ознака. Со нов надворешен и внатрешен дизајн, Santa Fe на Hyundai дебитира со тематската за новите модели на марката Cascading Grille челна решетка, Composite Light систем за осветлување со диоди дневни светла.

Santa Fe

Hyundai Santa Fe

Внатрешноста на новиот Santa Fe е исполнета со луксузни материјали, а позицијата на возачот е оптимизирана за подобра прегледност на патот. За дополнителна практичност и функционалност, новиот SUV на Hyundai ќе се нуди со автоматска суспензија, што се регулира само во зависност од оптовареноста на автомобилот.

Santa Fe

Силни акценти во портфолиото му се сепак новата осумстепена автоматска менувачка кутија и системот за погон на четири тркала HTRAC Advanced AWD со три режими на работа. Во опремата на новиот Hyundai Santa Fe ќе бидат вклучени голем број на системи за зголемување на активната и пасивната безбедност, вклучувајќи автоматски фарови, систем за задржување на возилото во лента, адаптивен круз контрола со функција за следење на движење на возилото напред, паркинг асистент, систем за видео надзор околу целиот автомобил, систем за предупредување при опасност од удар во предниот дел и други.

Santa FeНовата генерација на Hyundai Santa Fe ќе биде опремено исто така и со систем Safety Exit Assist, која при наближувањето позади возило автоматски ги заклучува вратите на возилото и на тој начин ги штити возачот и неговите сопатници при нивниот обид да излезат од автомобилот.

Во моментов од Hyundai не ја даваат моторната спецификација на новиот Santa Fe, но тоа е само за неколку дена, бидејќи возилото ќе одбележи и светската јавна премиера на салонот во Женева, каде ќе бидат објавени сите детали.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close