fbpx

Taycan Turbo GT е новиот перформансен „ѕвер“ на Porsche

Новиот Porsche Taycan Turbo GT е најмоќниот модел на Porsche во историјата и успеа да направи круг на Нирбургринг за врвеме од 7:07,55

Porsche сега ја претстави финализираната сериска верзија на Taycan Turbo GT. Новиот предводник во ЕВ портфолиото на Porsche испорачува до 1.108 КС и се одликува со низа аеродинамични надградби и надградби на шасијата, во согласност со наследството на моделите на Porsche со ознаката GT.

Покрај ова, опционалниот пакет Weissach придонесува за намалување на тежината со елиминирање на задните седишта и нивна замена со преграда од карбон, трансформирајќи го возилото во двосед фокусиран на тркачката патека.

Porsche Taycan Turbo GT

Најмоќен Porsche досега

Taycan Turbo GT се одликува со надградена итерација на двомоторната погонска група користена во Taycan Turbo S. Инженерите на Porsche вградија нов заден електричен мотор контролиран од „помоќен и поефикасен пулсен инвертер“, кој користи силициум карбид како полупроводнички материјал. Дополнително, тие го подобрија односот на преносот и ја зајакнаа издржливоста на менувачот.

Како резултат на тоа, комбинираната моќност е 789 КС, што се искачува на 1.033 КС кога ќе се активира контролата за лансирање и до целосни 1.108 КС кои се достапни за две секунди. Оваа бројка му овозможува Taycan Turbo GT да се закити со титулата најмоќно Porsche од сериско производство на сите времиња, надминувајќи ги сите други верзии на Taycan и 918 Spyder. Што се однесува до бројката за вртежен момент, тој е оценет на монструозни 1.340 Nm.

Според германската марка, Porsche Taycan Turbo GT забрзува од место до „стотка“ за 2,3 секунди или 2,2 секунди кога е опремен со опционалниот пакет Weissach. Слично на тоа, спринтот од 0-200 км/ч се завршува за 6,6 секунди или 6,4 секунди соодветно, додека максималната брзина е 306 километри на час.

Друга важна карактеристика е Attack Mode режимот кој отклучува дополнителни 163 КС моќ за 10 секунди, инспириран од тркачите во Formula E. Стандардниот Taycan веќе дојде со функција „push-to-pass“, но Attack Mode режимот нуди повеќе засилување и е полесен за активирање и деактивирање со користење на десната лопатка.

Porsche Taycan Turbo GT

Поагресивен изглед

Porsche Taycan Turbo GT го пренесува својот карактер фокусиран на патеката со редизајниран бодикит. Извонредната визуелна карактеристика е адаптивниот заден спојлер со капак на Gurney. Крилото е надополнето со истакнат сплитер со интегрирани „аеролопатки“ и сличен третман за задниот дифузор. Заедно со елементите на дефлекторот на воздухот на долната страна, вкупната потисна сила е 220 кг во Taycan Turbo GT со пакетот Weissach.

Се истакнува и завршницата од карбон на B-столбовите, што одговара на инсертите на страничните прагови и капачињата на ретровизорите. Моделот е достапен во шест нијанси, вклучувајќи ги и новите Pale Blue Metallic и Purple Sky Metallic кои се појавуваат во официјалната галерија. Сепак, сопствениците можат дополнително да го приспособат со примена на налепници или со опционалната програма за бојадисување до примерок од одделот Porsche Exclusive Manufaktur.

Porsche Taycan Turbo GT

Автомобилот добива и нов сет од 21-инчни лесни тркала обложени со посилни гуми. Покрај заштедата на тежина, краците на тркалата се дизајнирани да го подобрат ладењето на подобрените керамички сопирачки на Porsche, нагласени со Victory Gold шапите. Посилниот систем за сопирање е комбиниран со тјунинг специфичен за Turbo GT за стандардната суспензија на Porsche Active Ride.

Во внатрешноста, Porsche избра Race-Tex и црн кожен тапацир за приспособливите спортски седишта во 18 насоки и GT Sport воланот. Амблемот Turbo GT може да се најде на потпирачите за глава и на централната конзола. Кабината со темна тема на сликата може опционално да биде зачинета со Volt Blue или GT Silver контрастни тонови, заедно со различни нијанси за контрастните шевови.

Weissach пакет

Пакетот Weissach ги елиминира задните седишта, аналогниот часовник, патосниците на подот и багажникот, како и дел од изолациониот материјал, за да ја намали тежината што е можно повеќе. Porsche отиде дотаму што имаше само една порта за полнење на совозачката страна, која сега се ракува рачно, и користеше полесен материјал за багажникот. Понатаму, Sound Package Plus го брише Bose Surround Sound системот и додава специјално звучно и топлинско изолационо стакло. Како резултат на тоа, Taycan Turbo GT е до 71 килограм полесен од Taycan Turbo S, што дополнително го подобрува односот моќност и тежина.

Porsche објави дека Taycan Turbo GT со пакетот Weissach е „најбрзиот електричен автомобил од сериско производство“ на Weathertech Raceway Laguna Seca со време на круг од 1:27,87. Рекордот беше поставен на 23 февруари 2024 година, со развојниот возач на Porsche Ларс Керн.

Испораките на Porsche Taycan Turbo GT се очекува да започнат во летото 2024 година.

Поврзани вести

Back to top button